фашистички (прид.) - окупатор (имн.)

Во тоа тројство на судир на интереси, стратегија и политика, а чија единствена заедничка цел бил поразот на фашистичкиот окупатор, се одвивала политиката на Велика Британија кон Југоисточна Европа, Балканот и пошироко.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Држејќи го сè уште списокот во слабите раце, Никола си припомни и за она страшно време кога фашистичкиот окупатор ги прогонуваше мирните српски фамилии од гратчето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Така се одбележуваше Денот на ослободувањето на нашиот прекрасен град од фашистичкиот окупатор - 4 Ноември.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Особено голем публицитет во јавноста на САД предизвикало првото интервју на Јосип Броз Тито дадено на д-р Стојан Прибичевиќ и на Џон Талбот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Запознавајќи ја американската јавност со одржувањето на Второто заседание на АВНОЈ, каде што Југославија била "прогласена за федерација на слободни држави, со потполна еднаквост на народите на Србија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина", тој ќе истакне дека тоа претставува "роденденска потврда, крај на нејзината слобода, еднаквост и суверенитет".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
165 Информацијата погрешно е пренесена. Првото заседание на АСНОМ се одржа на 2 август во манастирот Прохор Пчински.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
164 Според наше согледување, Георги Пирински ги има предвид акциите на силите на НОВ и ПО на Македонија при нападот на Едеса и бугарското вклучување во борбите против фашистичките окупатори.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со сојузничка помош и наоружување ние можеме да создадеме војска од 700 -800.000 војници, кои заедно со сојузниците ќе му го зададат последниот удар на германскиот фашистички окупатор".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, тој ќе ја запознае американската јавност и со фактот дека "Македонија стана земја на собир на интернационалното герилско движење, како прв пример на ентузијастичка балканска тимска работа", каде што "грчките, југословенските и бугарските војски настапуваат заедно во борбата против фашистичките окупатори, а нивната цел по војната е независна Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Коле Чашуле бил член на комунистичката партизанска група која го кренала македонското востание против бугарскиот фашистички окупатор на 11 октомври 1941 година во неговиот роден град Прилеп.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)