Во однос на политичките цели се нагласувало дека „Титовата цел е слободна Македонија, федерална единица во рамките на Југославија со слобода на зборувањето и слободни избори, со македонски болници и школи и така сѐ за Македонците.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Со донесените одлуки АСНОМ се конституирал во Врховно, законодавно и извршно тело, а Македонија стана
државно-правен субјект и рамноправна федерална единица на Демократска Федеративна Југославија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
По ослободувањето, Македонија како федерална единица со ограничен суверенитет, влеглла во рамките Федеративна Народна Република Југославија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Македонскиот јазик бил воведен како службен јазик во македонската држава.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Со одржувањето на првото заседание на АСНОМ, се заокружи процесот на конституирањето на македонската држава.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
И во поглед на Македонија САД се приклониле кон британскиот став за признавање на македонската држава како федерална единица во федеративна Југославија, во која би влегле територии што претходно ѝ припаѓале на Југославија, а „оставајќи им ги македонските“ делови во Грција и во Бугарија на овие „респектирани земји“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Известувачот нагласува дека тоа, според Влахов, било кршење на „принципите на националното самоопределување и принципите на Атлантската повелба“ и дека тој, „во името на македонскиот народ“, кого го претставувал, најенергично протестира против изјавата на грчкиот Претседател на владата како „целосно неоснована“, а исто така протестира и „против угнетувањето и насилството на македонските антифашисти во Егејска Македонија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Британскиот политички естаблишмент единствената солуција за Македонија по војната ја гледал во формирањето на "една држава како федерална единица во идната федеративна Југославија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На седницата на министрите за надворешни работи одржана на 10 февруари 1945 на дневен ред било поставено прашањето за југословенско- бугарските односи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Кога станува збор за формирањето југословенско- бугарска федерација, Британците биле согласни да поддржат федерација во која би влегле сите балкански држави, словенски и несловенски, без фаворизирање на која било од нив, а во ниеден случај не би прифатиле федерација меѓу Југославија и Бугарија, од едноставна причина што таквата федерација, според нив, ќе останела затворена и нема да отвори можност за влегување на другите балкански држави во неа, а тоа, од своја страна, би ја изолирало Грција, со што би ја загрозило нејзината позиција како балканска земја.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во тој контекст се цитира текстот на Влахов каде што тој истакнува дека "Вардарска Македонија, која влезе како федерална единица во новата федерација, демократска Југославија, како и Пиринска Македонија, во рамките на, сега, демократска Бугарија, не само што не ги загрозува безбедноста и интересите на Грција, напротив, таа подава широко отворени раце за соработка кон сите мирољубиви демократски народи".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)