И тогаш, откако некој од роднините ќе го побараше семејниот фотографски албум, поаѓаа муабетите за некогашните времиња и луѓе.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Животни стории за судбините на луѓето, моите поблиски и подалечни роднини од кои речиси никого не познавав, но и на некои други личности од романот на минатото, архивирано и сега поттикнато од сликите и оживеано како во некоја чудесна кинотека на животот, со ликовите што, ете, влегле во малата семејна вечност на нашиот фотографски албум. Сега, кога и самиот завлегувам во средното доба, фотографиите ги сакам и на еден друг начин.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)