Значи, централното наречје има зад себе, така да се рече, историски права.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Најпосле, за зачувувањето на националната целост меѓу Бугарија и Македонија првата нема да се согласи за општ литературен јазик на Македонците и Бугарите да се избере македонското централно наречје наместо источнобугарското.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Сега да допуштиме да се и Македонците Бугари и особините на македонското централно наречје да се исто: толку бугарски колку и источнобугарските.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Сега да видиме дали избирањето на централното наречје за литературен јазик се оправдува од практично гледиште?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Немаат право тие да протестираат против централното наречје и затоа што тоа е централно, како и затоа што изборот се прави од практични причини.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Сега останува да се реши дали тоа неутрално колце стои осамотено со одделна боја од другите колца или има и други колца со истата боја или со поблиска до неа отколку од една страна со централното македонско наречје, од друга со источнобугарското наречје или со српскиот јазик кај Вук Караџиќ, ќе видиме оти сите македонски наречја се поблиски до централното македонско, а не до централните наречја на другите јужни Словени.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
156. Кои се тие историско-културни услови што нѐ присилуваат: прво, да си создадеме свој литературен јазик и, второ, да си го избереме имено централното наречје? Еве кои.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Најпосле, дали особините на крајните или периферни македонски наречја и говори ни дозволуваат да ги сметаме за поблиски до средното и најтипично македонско наречје велешко-прилепско-битолското или до централните наречја на српскиот и бугарскиот јазик?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Околу централното наречје треба да се групираат сите наши научни и литературни сили за да го очистат и да го обогатат со сокровиштата од другите македонски наречја и да создадат од него еден убав литературен јазик.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)