Сепак ако ве занима, психијатар сум.“ „Докторе“, се искриви од веселост Отец Симеон. „Зошто ноќе, кога ќе се качам на куќните стреи, сретнувам на секој чекор по едно гола жена? и зошто само ноќе, в постела, ми стасуваат од сегде љубовни писма со нацртани четирилисни детелини?“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Од под рака го гледаше Том, крчмарот, како отвора едно шише од неговото омилено пиво и го става пред него. „Четирилисна детелина”, рече Даниел.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Малку подолу ја сретнувате и втората дама. Ѝ го поставувате истото прашање, но наместо одговор, таа ви подарува четирилисна детелина.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Кога го пресоблекоа Илка, по кожата на телото му забележија истетовирани разни фигури: лав - за да го штити од зло; птица - за да го пази од загубување; змија - за да го брани од болести; четирилисна детелина - за среќа; сонце - за долг живот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)