чист (прид.) - воздух (имн.)

Затоа ние имаме чист воздух, им велам. Не разбираат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Дојден е тука во природата, на чист воздух, на прошетка и еве седнал да руча.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се откажав од помислата да влезам и во друг диско-клуб, зашто барав многу чист воздух кој го имаше во изобилство крај брегот на Рајна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ја побара Велика и праша да ли слезе таа в кујна; Стана му рече дека не слегла кај нив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нека е жива рајата, ќе и натокми — заврши Јован и тргна, ја отвори вратата и излегоа на чардакот, т,а зедоа чист воздух.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пораснав на јуфки и попара. Во Пасажот Шоазел нема многу глетки на природата? Нема ниту една. Бевте париско дете, кое слабо знае за природата, чистиот воздух.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Велат ќе мерат, што ли, а некои пак зборуваат ќе си дошле луѓето онака, да се одморат во планинава, да се надишат чист воздух...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не само заради копањето, што признавам, е моја страст, туку и заради тебе, и заради Бојан, и заради Дуковци и заради буките и заради чистиот воздух, за чистите извори, војводо...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Никакви прошетки на чист воздух, никакви распити по иследници или судови, никакви курци - палци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Внатре во тебе отпорот, напнатоста со своите стеги, те прават тесен за да не може да пробие насекаде чистиот воздух и крвта.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Умот, раздвижен од побудите на Светоста на човечкиот ветар, ја менува својата форма, затемнувајќи се или осветлувајќи се – застана старецот, подземајќи од чистиот воздух.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Само ноќе излегувавме на палубата. Да вдишиме чист воздух, да се изнагледаме на ѕвездите и месечината.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од градовите се прибираат селаните за да ги дотераат своите куќи и да приберат здравје во чистиот воздух и студената и бистра вода што тече од планинските извори и за да ги очистат и средат надгробните плочи и камења и на своите предци и најблиски да им запалат свеќа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И сето тоа се јавува како резултат на кујната која, според Хандке, во исто време е лабораторија, библиотека, соба за филозофски дијалог, за вдишување чист воздух и за водење љубов.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Му беше вечно благодарна на архитектот кој го дизајнирал оној што го нарекуваа ’градски’ (како другите да беа на периферија или не дај боже, селски) бидејќи таму, влегувајќи и излегувајќи од продавниците, барем можеше да дише чист воздух.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Чистиот воздух за кратко време успеа да ме опие и ко со волшебна рака да ми го светне омацуреното лице.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
” Најсетне, по цел тој век, ми се стори, од напади врз моите невини тапанчиња, брат ми се смилости, стана и по пет-шест минути, сега веќе и не паметам точно, се најдовме надвор, на чист воздух што се вели далеку од неподносливиот мирис на тој ѓон.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Знаеш, ти си ми многу чуден. Ти си еден од ретките планинари кои природата најмногу ја користи за да ги тамани цигарите, а не да си ги исплакне дробовите со чист воздух.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Додека шетаа по брегот, Томо со отворени гради го впиваше чистиот воздух во кој се чувствуваше мирисот на брезите, дабот и зелените борови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зашто, велеше, Акиноските му пишале дека Видан бил тешко болен, од офтика, и дека требало да диши чист воздух, како нашиов, како овдешниов.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И, после, наша крв е, додаваше чекајќи согланост од соговорникот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Прекрасно, на пат сум кон успехот. Веќе дишам чист воздух.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Само во петоците не доаѓаше, кога авлиите се полнеа со чези од турски гости од градот, кои идеа на чист воздух и на поседок.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Една облачна ноќ Мил излезе надвор да ги разведри мислите, да земе чист воздух, да му олесни притисокот во главата. Шетајќи така, заврна.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И секогаш сум помислувал на брегот, секогаш сум помислувал и овде да има таква бања: и водата е лековита, а и местото е прекрасно: со шуми и чист воздух, со езеро во близината и со најмногу сончеви денови во годината...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Го отвори прозорецот и застана на него да дише чист воздух измешан со мирисот од расцутената јаболкница во дворот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Од добрата храна, чистиот воздух и физичката работа во шумата, жолтилото на лицето почна да го остава, а да се појавува слабо руменило.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Полковниците гледајќи го блесокот на месечината на прозорците и сакајќи да здишнат чист воздух по обилното јадење, ги зедоа чашите и излегоа на чардакот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Стариот железничар нестрпливо си ја поправаше шапката, без потреба поткашлувајќи во дворот - на чистиот воздух.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во собата веднаш дотрчаа и Сончко и чистиот воздух.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Ново утро и лет на ластовица, чист воздух во градиве, слика на страмежлива и нежна детска насмевка, нов живот во топла прегратка.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не ми е тешко да се исклучам и да избегам и да подишам чист воздух, подалеку од целата оваа хаотична, разулавена, дива, неморална реалност без прави вредности.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мојот цврст желудник сѐ уште може да ја свари, ја апстрахирам и ја претворам во нешто креативно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Нежни чекори од другата страна на сонот, додека ѕвона одекнуваат од камбаните за новото раѓање на љубовта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Вистините кои се толку едноставни, а кои постануваа лаги ќе ги заменам со високи внатрешни прозорци преку кои ќе влезе чист воздух и мирис на пролетно изгрејсонце. Како почеток на нешто убаво.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
После сите тие грешки, погрешни избори и лажни импулси на чувства научив да сакам искрени и верно и со срцето и со умот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Наближуваат велосипедисти од сите училишта, задружени во заедничка порака: Чист воздух за сите!!!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
По речиси осумчасовниот престој на чист воздух дома се враќаат освежени и многу полесно се приготвуваат за часовите сто им преостануваат во наредната недела... - пишува за нив новинарот Наум Попески.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Пределот е вистинска Швајцарија: чудесни иглолисни шуми, чист воздух, планинска вода“, рече Билјана.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Пред нас сè дрочеше бистриот чист воздух а зад нас остануваше шепотот на планините
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Да појдеме ли во паркот каде сите наминуваме да се прошетаме, да си подишеме чист воздух?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Кога излезе од колата, во ноздрите го почувствува чистиот воздух освежувачки му ги наполни градите, почувствува радост поради којашто си честиташе што реши да се искачи на Водно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се влечкаме, се пореваме, замаени од чистиот воздух што ни се стега во дробовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уживаме! Храната е така-така. Болна не сум. Друштвото е супер. Имам доволно пари. Јавете ми се на телефон.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Навечер имаше забава. Одиме во градот, се шетаме, дишеме чист воздух.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)