човечки (прид.) - слабост (имн.)

Гладот ли што ги мачеше и нив исто како и џганот, или сликата на гладот што ја гледаа пред себе во партали, боси нозе како ѓон со крвјосани петици, гурелави очи и остри коски како сабји подадени под смрдените кошули на оние што ја преживеале чумата, ги издели некако двајцата од несреќните и ги направи поблиски, иако со сркањето од бакарните чанаци сакаа да покажат, ќајата - дека и покрај човечката слабост тој си е обезбеден пред допирот на несреќата, а тој пак - дека е благодарен и почестен што е со него.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И стојам мирно. Иако униформата е покривање на човечките слабости, мораш да стоиш мирно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само тие жени беа доволно храбри искуството на својата лична човечка слабост да го артикулираат во кохерентна приказна за себе и за своето време, која стана неизоставен дел од колективното искуство на целото чилеанско општество.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А јас пак, гледај човечка слабост, не му реков марш надвор, туку некако потајно, сакав да чујам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Стана, остро зачекори, загледан во светлата реска на прозорецот која избледуваше и тоа како да го дразнеше па со поголема жестина ја излеваше својата огорченост од човечката слабост и плашливост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му вртеше окото ваму-таму по маказарските невести. Човечка слабост. Го избркаа нашите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Го издава неговата лична човечка слабост, наспроти сиот обид да се претстави како човек на светоста.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)