За Божиќ 1915 г. Хекел на шаторското крило од полската болница ја наслика „Мадона од Остенде” (изгорена во II светска војна). 82 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Под високите борови - земјанки. Некои покриени со шаторски крила, други со ќебиња и черги.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тоа траеше само миг, а потоа сè се смири - освен Фоте: - Кога се расформира одредот, заправо кога се распушти, по директива на раководството од градот ние го закопавме оружјето завиткано во шаторски крила и се растуривме кој каде.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во тој пекол најпосле го видов сиот наш несреќен живот, војната, темните војски, познатите и непознатите мртви по полињата, по патиштата, по војничките камиони, покриени со шаторско крило, мислевме дека спијат, будали дечишта што крадевме бомби по војничките камиони; потоа пред очи ти е домот, тажната смрт на ѕвонарот, добрата мајка Верна Јаковлеска, стрикото Лентеноски, неколкуте ошумоглавени бегалци, татенцето, неговата црна судбина, другарката Оливера Срезоска, старо, несреќно девојче, нашите кутри учители и воспитувачи, Трифун Трифуноски, неговата болна, темна душа, благородна, светла, о, се колнам, тоа беше патот што водеше кон Сентерлевиот рид.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Денеска пред анчето на Петко стоеја неколку германски камиони, покриени со шаторски крила. Пред камионите стоеја два, а зад нив еден моторцикл.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Претходната вечер еден наш раководител и стар партизан, малку се оддалечил од штабот што беше сместен покрај реката до џамијата, па го фатиле балистите и му ја ставиле главата во вода, толку колку устата да му се наполни и побегнале.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Само што стигнале долу, Никола здогледал шаторско крило и како што подоцна рапортираше чичко ми Борис, ја исправил главата горе за да го смота, тогаш го погодил куршум в глава.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Со нив замина и чичко ми Борис, беше интендант во баталјонот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Нашите ги фатиле, но тие не сакале ништо да кажат, па им удриле ќотек и тие умреле, а нашите ги покриле со шаторски крила.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)