Наместо дипломатското шаховско поле во кое се играа првите потези во пат-позицијата на палестинското прашање, во стратегијата на малите чекори на геостратегиската игра на Хенри Кисинџер во решавањето на палестинско- израелскиот судир, градинарот Раиз, ја создаваше симфонијата на боите на различните цветови во картагинската градина...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се обидував да ја растолкувам и оваа од приказна од илјада и едната од картагинската градина на мудриот Раиз, во контекстот на историските настани во древната Картагина, каде што не престануваше, како од оживеан вулкан да избива историјата, како од далечно делфиско пророчиште, близу пунските гробници на жртвуваните новороденчиња...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На имагинарното стратегиско шаховско поле на судбината како да беа само двајца противници - Кисинџер и Арафат.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)