широк (прид.) - дланка (имн.)

Потоа молкна, ги спушти широките дланки врз тесните рамења на Џемал-ага.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Митра на Чана сака да проговори нешто, ја отвора устата, ама Чана ѝ ја затнува со својата широка дланка.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И се сееш сета со широка дланка. Како златно семе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Замрзнав... Седнав на нејзиниот кревет, и ја зедов десната рака во моите широки дланки и почнав да ја галам.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)