Во овие часови градот бучи, мириса на бензин, сиот се задимува, а по широките улици и по тесните калдрмисани улички се дивижат повеќе коли отколку луѓе.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Овој грда не е убав само затоа што има многу големи и убави згради, широки улици, авении, булевари, каде што сообраќајот се одвива во осум аптеки, во кој се изникнати о дтемел сосема нови блокови и квартови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
СОЛУН е шумен и убав град. Има широки улици, а многу од нив сега се прошируваат.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Новиот центар е граден со рафинеријата и тука се редат нови згради, повеќекатници, широки улици, модерни трговски магацини, кафеани, ресторани.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Веќе израсната во современ град, со широки улици и со нови станбени блокови, Пловдив, во овие јунски дни, изгледа подмладен во зеленилото на своите паркови и разновидни градини.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Надвор врнеше снег. Ноќта беше студена, широката улица, - прелеана со мека дијамантска светлина, - пуста.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
-Дури кога ќе се најдам на ваква патека сфаќам зошто не ги претпочитам широките улици по градовите.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
На нив немаш свое движење.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И ненадејно, некаде од високо, од зад горната рамка на прозорецот од одајчето на праведникот Шабтај, се појави далечен огнен столб кој силовито се доближи до куќата и до прозорецот и вовлекувајќи го во огнениот вител, го крена него, Праведникот, и го однесе високо, толку високо што таму, над највисоките облаци, пред Шабтај се укажа еден голем град создаден од светлина исполнет со палати, широки улици, светнати ѕидини, во чие средиште се наоѓаше Храмот на копнежот, домот на Севишниот, градбата на премудриот Соломон но сега, веќе, не изѕидан од камен, туку создаден од најсјајните зраци, а во неговото проѕирно средиште, виде јасно Шабтај, стоеше Светињата над светиите со Заветната арка и златозрачните таблици во неа; со Декалогот даден на Синајската гора на благородниот реб Мошѐ12, а над сиот тој сјај Шабтај виде како една рака во просторот над чудесните светии, испишува четирите букви на хебрејски што, сиот збунет, тој ги прочита слагајќи ги слог по слог - како што тоа го правеше со имињата од фирмите на новите големи магази на Широк сокак - како ХеВХаЈ, но и истиот час сеќавајќи се дека исписите на иврит се читаат обратно и тој стаписано го прочита исписот на прозрачната рака како ЈаХВеХ13, неизговорливото име, тетраграмонот, името на Бога во кое Шабтај најде конечен спокој и оддишка. А во истото време, долу во Ла Калежѐ, неговиот син, снаа и внук сонуваа еден ист сон, како имено еден по друг ги палат светилките за Ханука, прво Рена, па Јаков, па третиот ден од празникот на светлината и нивниот Шабтај, а по него, светнат од среќа, и малечкиот. Утредента Јаков го најде татка си, спокоен, со полуотворени очи загледани некаде во височините зад облачното утро, кон ветениот небесен Град на Мирот; и некако озарен, со необјаснива внатрешна светлина, што тој и жена му ја припишаа на конечно пронајдениот спокој.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
29 Тргнуваме по широката улица подготвена за асфалтирање.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сега таму поминува оваа широка улица.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
„Учителката ќе те научи како влегуваат во блокчето такви високи згради, разнобојни лимузини, па црвени автобуси и широки згради, разнобојни лимузини, па црвени автобуси и широки улици!“
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Ако човек в самрак се прошета по празните, бучни, широки улици, него ќе го обземат спомени.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Штрчат изглодани руини, а во прозорците местимично е вплетена жица, ’рѓосана, преплетена.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)