активен (прил.) - учество (имн.)

Идејата за обединување на Американците од словенско потекло била поздравена од прогресивното македонско иселеништво и сите тие, во годините на војната и потоа, земале активно учество во анимирањето на Македонците за заедничко обединување со другите словенски групи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од своја страна екпертите на Форин офис имале одредена резерва кон сугестијата на Рендел "за подмитување на Македонците".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа е тип на обликување кој не претпоставува објективно пренесување на факти туку активно учество, либидално и интелектуално инвестирање.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Британскиот амбасадор во Бугарија, Рендел, сметал дека е можно, одвреме-навреме, со "подмитување, на некои насилни елементи од Македонците, кои се против Михајлов" да се обезбеди нивно активно учество на британска страна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во Првата балканска војна македонскиот народ зел активно учество во воените операции на страната на Србија, Бугарија и Грција.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Значи, освен учеството во копањето на каналот, Георги Богданов не признавал дека зел активно учество во динамитните напади низ градот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Голем број Македонци како доброволци се бореле против Османлиската Империја во Македонија и Тракија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Резултат од таа засилена активност на иселеничките словенски организации и друштва бил одржаниот банкет во Детроит на 7 декември 1941 во присуство на 1.600 претставници на Американските Словени.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во Првата светска војна САД не зедоа активно учество во војната против Бугарија и Османлиската Империја.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)