амфитеатрален (прил.) - распореден (прид.)

Од почетокот на западниот лак, околу наоколу долж целата Потковица, по средината на падините, само прескокнувајќи го Станковски Рид, кој е наполно гол, населен, и кој е средиштен дел на источниот лак, се протегнува, сè до Зајачки Рид, односно сè до Алилово, амфитеатрално распоредена, некогаш пазена и грижливо одгледувана, сега сосема запустена, дабова гора, овде-онде прошарана со дренови дрвја, диви рози, глогови, диви круши и диви јаболкници.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)