Навистина има шармантно лице овој Левантинец од германски род, си помислува Мертен и станува да ги остави домаќините да го издискутираат неговиот смел предлог. На средбата наредниот ден му приговараат дека сумата ги надминува економските можности на еврејското население. Доктор Максимилијан Мертен дава впечаток дека длабоко размислива, создавајаќи замолк кој трае толку долго што стежнува во просторијата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Но од друга страна, 3500-те Евреи на принудна работа со тоа ќе бидат веднаш ослободени...”, сомилосно ја соопштува Максимилијан Мертен огромната сума, но веднаш продолжува со тоа дека, инаку, во Берлин лично се заложил за прашањето на грчките Евреи и внимателно ја моделира својата изјава: „... така што не сатнува збор за спроведување на некоја програма на штета на Евреите на Солун...“
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)