веќе (прил.) - дојде (гл.)

Но ако веќе дошло до тоа да се земе ризикот што го носи секое доверување, тогаш треба од помагачот да се бара нешто повеќе, да не се испушта туку-така можеби единствениот случај, особено ако биде нужно и добро да се плати.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Кога сме веќе дојдени да прашаме и за ќерката.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Се влечкаа нозе по подот, завревија во хор возбудени гласови, засолнет зад розикавата завеса на клепките, Арсо претчувствуваше дека веќе дошол редот на претседателот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо се сети. Претседателот на судот Етхем-паша беше веќе дојден.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Јас само што сум заминала, по состанокот, тој веќе дошол.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во почетокот тоа воопшто не изгледаше сериозно, мислевме дека тоа е само минлива фаза во неговиот живот, но веќе дојде пролетта и тој не излезе и сите почнаа да се прашуваат што се случува внатре.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тргна по селата да проси милостина за манастирот Трескавец и дури ги ишета овие села по ново Мариово, веќе дојде и денот Богородица, панаѓур на Старавина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се гледа: и најлошото требаше да дојде, веќе дојде.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)