веќе (прил.) - престане (гл.)

Зборувањето со Царството мора да има многу подлабока причина, во која земните закони веќе престануваат да важат.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И за тоа постои алтернатива, можам да бидам константно на хорс и нема да чувствувам ама баш ништо.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во тој случај хероинот веќе престанува да биде кик и станува стил на живеење.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Јас си имам свое време, а ти свое.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Така, ако за тебе овие две години откако ти и другарка ти Мила ми го испративте вашето писмо се долги и ако веќе престанавте да го очекувате мојот одговор, за мене не е така.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Снегот веќе престанал да врне, ама студот си останал во воздухот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Набргу тој успеа толку да се оддалечи од оние двајца, што веќе престанаа да му пречат и жарчињата од нивните цигари.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, луѓето веќе престанаа да се вртат околу градилиштето, зашто смешната шапка од магла сосема нѐ криеше од нивните погледи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Една вечер нè собраа во подножјето на градбата и ни се обрати инженерот Ајфел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)