веќе (прил.) - никој (зам.)

Завртеа до станица. Таму немаше веќе никој, само двајца парталави сечачи седеа во пустата чекална, загрижени и ќутливи, а наземи дисаѓите нивни се проѕеваа отчаено.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Со молчење го напуштивме авионот, кој пред нашите очи се измени и стана поинаков: куп црно распарчено железо, како скапан скелет на непогребен мртовец. IX На Бузо веќе никој не му пријдува.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Влеговме во Прилеп, поминавме покрај стариот театар, покрај пазариштето и чаршијата, бевме веќе во центарот кај градската кафеана и Предо само подгледнуваше накај Живко за навреме да најде место за паркирање, но Живко молчеше и само се смешкаше, а кога веќе излеговме од градот и мислевме дека сме го прошишале и Прилеп, Живко го натера да подзапре и не го остави да продолжи по асфалтираната угорница на Плетвар туку го скршна по стариот пат преку Бабуна по кој веќе никој не одеше.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Од тој ден и тој приквечерен момент веќе никој не можеше да го пречекори прагот од станот на господин Гроздановски.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога поминаа шест недели, бидејќи веќе никој не верувашр дека Иле е меѓу живите, решија в црква да му дадат шест недели без поп.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тогаш, во општото разграбување на Имотот и на покуќнината Акиноски, зошто немаше кој да брани, веќе никој од нив не живееше тука, Борис Енда, кој беше раководител на месната канцеларија, мислејќи си дека е ковчежето полно со злато, го украл.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш, кога слушнаа дека владиката ќе го изврши осветувањето, веќе никој не требаше да им кажува на потковичаните што треба да прават.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не сакам веќе никој дури ни да помисли да слегува долу, во тие проклети одаи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И откако тој запишал, се вратиле коските назад во ковчежето и тоа засекогаш се затворило со таква сила што веќе никој не можел да го отвори, да го отпечати.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дали затоа, или заради старото предание кое вели дека огледалото се скаменува кога оној што умира се огледува во него за последен пат, па засекогаш ја чува таа последна слика и веќе никој друг не може да се огледа во таквото скаменето огледало, дали велам, заради тоа предание, не знам, но одеднаш огледалото самото од себе се сви и следниот миг – распука.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ме пречека значи грдото чувство на подоцна втасаните иако цел живот го минале со уверување дека пораснале помеѓу првите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислам спомнав дека Иван изјави оти можеби ќе остане цела недела кај мене, во воденицата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ми се чини дека со мало задоцнување сепак научив да не грешам, и покрај фактот дека одамна веќе никој не чувствува потреба да ми ги лови грешките.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зарем веќе никој не ќе ме сака?!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Рајнер отиде до еден од аглите, се наведна, ја спушти раката и од подот зеде игла во која беше вденат црвен конец.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Влеговме низ раскршената врата, а потоа минувавме по просториите на некогашното живеалиште, гледавме во подот, по кој беа расфрлани предмети кои веќе никој не ги употребува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Онаму каде што знаеше дека оди другата група не можеше да види никакво движење.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но пукотницата беше престанала. Веќе никој не го довикуваше неговото име.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сонував зелено: гробишта со зелени крстови, на тие крстови зелени врани се кикотат со човечки глас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Проказник пак прашал што ќе се случи ако не го најдат тоа, и веќе никој не знаел дали мисли на жолтеникавата грутка од говедска жолчка или на моќната вода од диви краставици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пиел со ситни голтки и се сеќавал за дел од својот живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Господи, таква треска веќе никој никогаш на светов не ќе има: меѓу гробовите се движат еден преку друг зелени коњоштипи, лепливи богомолки и гасеници: гризат камен, голтаат песок и иловица: нивната алчност ја истанчува земјата - под неа се отвораат зелени бездни од кои по ништо се качуваат стоногалки, жегавици и пајаци: гнасните бубачки ќе војуваат меѓу себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Биле тројца и веќе никој не ги паметел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со божји благослов. Неговите дедовци донеле прекуморска проказа во Кукулино и со својата рака ја сотреле болната челад. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можело да се очекува дека неговите маки еднаш ќе се споменат со гускино перце во некоја библија над чии страници ќе липаат поколенијата; но сѐ ќе било попусто и веќе никој не ќе можел да му ги смекне раните на душата што со копнеж се стремела кон височини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ако не го најдеме тоа, еким-ефендија? Зима е, Онисифоре. Нема по ридиштава диви краставици да му џбурнеме в ноздри нивна вода. Погледни му го суратон.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, сега веќе никој не обрнуваше внимание на тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа стана веќе и модерно. Веќе никој не раѓа од прва.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Веќе никој не го споменува катранот и лукот, варта и тревјето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вам сонот и не Ви беше зададен за да го сонувате, бидејќи денес веќе никој не умее да го прави тоа, туку за да го запамтите добро.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
4. Првата следна среда треба да отидете во градината на кафеаната која е најблизу до соборната црква во вашиот град (овде, во Белград, тоа би било во улицата Крал Петар број 6, во градината на кафеаната Знак прашалник).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бендоу го наведува неодамнешното намалување на потрошувачката на алкохолните пијалоци, за да нè убеди дека легализацијата нужно не ја зголемува потрошувачката. Меѓутоа, овој аргумент не е оддржлив поради тоа што потрошувачката на алкохол драстично порасна по легализацијата, а почна да опаѓа дури во почетокот на осумдесеттите години. Тоа што за воведување на прохибицијата веќе никој не се залага, не би смеело да се толкува како аргумент кој би одел во прилог на тезата дека легализацијата не би ја зголемила потрошувачката на крек или метамфетамин.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Поради тоа не е тешко да се предвидат сличните последици што би ги предизвикала зголемената потрошувачка на разните видови јаки дроги како што се крек и метамфетамин или послабите ПЦП, а да не зборуваме за неизбежната појава на нови дроги кои во случај на легализација би можеле да ги развиваат приватните фармацевтски фирми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Веќе никој друг и ништо друго не ја интересираше Марија. Ѝ стануваше тешко, напорно да ја држи таа маска на безгрижност. На добро расположение на лицето.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Од обесените веќе никој немаше да има никаква корист, а од живите – царските галии најдуваа робови за веслање, што секако повеќе ќе му се направеше ќефот на султанот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Остана таму, го заборавија човекот кога ги разотворија вагоните, како да ги збриша некоја разулавена ветрушка и ги настега во нив, замижувајќи им ги очите, затапувајќи им ги главите и така, возот свирна, исписка, како со човечки глас да се огласи и веќе никој не можеше да го запре.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ова што е направено за оваа ноќ веројатно утре не ќе задоволува, само сега веќе никој нема ни силки ни желба да прави нешто повеќе.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Беше повеќе од јасно дека откако бев влегол во канцеларијата на Бунде со пиштол в рака мене веќе никој не можеше да ми помогне, а и никој повеќе нема да може ни да ми наштети! Но кому да му објаснувам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Да! Егзекуцијата беше извршена, и тоа по редоследот од порано утврден.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Никаква!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не поминува веќе никој.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Немам јас никаква врска со таа работа!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Живееме во период во кој веќе никој не знае што треба да сака, во период на мошне заокружен, целосен нихилизам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Постојат некои обврски кои, за да вродат со одлуки и за да бидат продук­ тивни, не треба да го следат знаењето, туку да проистекуваат од него како последици или продукти.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Јас не сум касап, по ѓаволите! Јас само го заштитувам она што веќе никој не го чува!
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Тебе никој не те зема сериозно. Со тебе веќе никој сериозно не смета. (За момент го отвора мантилот. Гола е под него. Повторно го загрнува.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Или, доколку веќе сака да се смести, самиот може да си го избере идентитетот што му одговара - некој постоечки или сосема нов.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во сајбер просторот веќе никој не може да биде препознаен и класифициран според бојата на кожата, полот, националноста, староста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Им предложив да си играме и веќе никој никого за ништо да не гопрашува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сега веќе никој и не знае што значи зборот осле освен ние сколјарчињата од тоа време и учените.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сите мислеа дека Македончињата се малку чудни, ама веќе никој не ги сметаше за чакнати како во почетокот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сега веќе никој не гледа што правиме, не нѐ наслушува на кој јазик зборуваме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)