воопшто (прил.) - на (предл.)

Сето тоа во душата на човека налева радосни чувства, но тишината, ох, таа, дебела и напластена, без луѓе, без овчарски свирки и довикувања во гората, без момински одзив преку песни и смеа од градините, од бунарите и чешмите, без думани прав од гојда кои се враќаат од паша по Голем Пат, разбудува помисла за тоа колку многу човек е поводлив, кревок и неотпорен спрема сè она, убаво, што се случува надвор од него, во природата, додека останува беспомошен да влијае на својот сопствен живот - не успева, или не му е дадено, или не му даваат, само да го одреди неговиот ток, па се џари во празно со насолзени очи низ самракот, и му се причинува дека тука некаде, над него и околу него, во воздухот, притаено чукаат срцата на отидените ближни, на самовилите, на легендите и преданијата, на војните и војводите, срцето на животот што беше, што се закоренил некогаш одамна тука и се ископачи, па му иде да отрча на Молитвена Вода, да се плесне пред кладенецот и да нададе глас, не против непревдите што му се сторени лично нему, туку против неправдите што му се сторени и што му се прават воопшто на животот... ...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Приспособувајќи се на него, на гласот, Мусли бег лека полека сфати дека зборувањето се однесува на орлите, и воопшто на штавувањето и напрегнувајќи се да открие кој е тој што зборува стутулен понастрана од другите, е ли некој од неговите раетини или е туѓ, си помисли дека тоа може да биде добар изговор да се намами Арслан бег да не ги тера христијаните да му даваат сол па разврза за некој соколар што постапувал така, со сол што ги штавувал убиените птици, тоа било и поевтино и посигурно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш, до пред десетина и повеќе години, во лето, и додека сè уште не беа раштркани по градиштата и низ светот, жителите на Потковицата излегуваа да спијат надвор, во дворовите, под отворено небо.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Западна Германија е многу интересен и привлечен пазар на мебел и воопшто на производи на дрвната индустрија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Камилски слушајќи го Татко со наплив на видлива возбуда, кога тој го спомна рајот на детството, почувствува дека се дојдени неговите вистински пет минути за да изнесе прв пат на Балканот една од скриените пораки на неговата париска дисертација Придонес за студија на детето во контекстот на јаничарската судбина на децата и воопшто на народите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Те погледнав свету И мрачен ти беше (божем погрешен) Црно на бело крстозбор решен Кон светлина божем почна да идеш Но рабови тенки, кршлива рамка И овде-онде-пак црна дамка Те допрев потоа за сигурна да бидам Дали по патекава мека и тенка Можам воопшто на кај тебе да идам Или мене само така ми се виде А по текот твој и други видов нешта Девојка невешта по истиот пат Со мисли во облаци чекори кон Ад Со допир стаклен и смирен поглед Ко кукавица птица в незнаен лет А зад неа: надзирам јас со двоглед: – гледам кристално јасно низ овој проѕирен свет! 2001
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
- Сув ли е мостот? - реков, за да покажам дека нешто знам. - Е, што мислиш? - ми рече Миле.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ма, какви лулашки! Забрането ти е да одиш воопшто на лулашки, да паднеш таму да се искршиш!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сонцето и онака пак ќе си изгрева на исток И пак ќе заоѓа на запад што не значи дека и на запад Нѐ грее сонцето додека туристите чекаат Да го уловат во своите камери залезот За кој однапред знаат дека е волшебен и незаборавен Пред зајдисонце на запад катаден луѓето стануваат имуни На романтични воздишки и нежности од каков било вид Воопшто на запад многу е распространето мислењето Дека љубовта и сите воздишки се обична измислица И дека живеачката во целост ја движат пазарните односи Затоа на запад има сѐ повеќе жени кои не знаат да се бакнуваат Ај што не знаат да се бакнуваат ама не знаат ни да готват А тоа веќе директно се одразува врз квалитетот на сонувањето Зашто во рестораните за брза храна не се крепи здраво сонување И понекогаш е поарно да си гладен и барем со време да си знаеш
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)