Тоа не значи дека не го сакаше или дека не беше подготвена да го прифати животот токму онаков каков што и беше доделен - рече Даскалов и ме замоли да му налеам една чашка од ракијата што ја донел.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
-Не знам што ти има кажувано, но јас мислам дека себеси се сметаше излажана од животот - рече тој - но сепак беше доволно силна и горделива за да не ги испраќа надвор од себеси поплаките за неговото грдо однесување.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Народот не е слеп. Одамна научил да чита.“
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Оние, кои со своето грдо однесување придонесуваат да се создадат грозоморните приказни!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Беше и ти таму? Ама ништо не виде со свои очи, нели?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Само така твоето грдо однесување може да се закити со благородност, и со некаква чест барем за оние што не те познаваат.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)