двапати (прил.) - неделно (прил.)

Тука е изграден нов плоштад и еден дел само двапати неделно се користи како пазар.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Еднаш до двапати неделно нашите мајки нѐ бањаа во пространата кујна, која што беше единствена просторија каде што подот беше од истапкана земја.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Татко му на Трајчета, селанецот Тане, двапати неделно одеше во Караорман, береше дрва и ги продаваше во Струга и Охрид.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Што ми рече за него. Дека се даваше себеси освен двапати неделно (секогаш истите денови, четврток, недела? Дека е емотивен?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бидејќи сега нема што да се работи, тој работи било што да се побара од него: насловна страна за часопис, изложба, филмска секвенца, итн., ад инфинитум.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А сега домарот пред него гласно размислуваше дали гостинот што слика ќе остане две - три недели, или цел месец па и два, и како да си помине тој, па и домарот покрај него, само со манастирски грав, еднаш во седмицата зелник од селото, па и некое јагне ако се згоди празник, да не ги сметаме тука: домашниот леб што го месеше и го печеше невестата во селото двапати неделно, биеното сирење на маша над мангал, низите суви пиперки и солени циронки, како и бинлаците вино и ракија дарувани на манастирот од останати верници, за светците не за грешниците.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А и ќе се напие, па и ќе поврати, божем ти и денес не го правиш тоа двапати неделно. А тоа е пострашно!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
По тој повод ви пренесуваме некои елементарни информации за овој култен режисер кој почина минатата година.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)