долго (прил.) - ми (зам.)

Мене уште долго, долго ми недостасуваше звукот што го правеа патериците на Александар додека тој многу внимателно се движеше низ дневната соба во куќата на татко ми, каде што престојуваше додека закрепнуваше од сообраќајката што за среќа сите ја преживеаја без поголеми последици.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Долго ми беше бесмислена претпоставката дека геј-маж, маж кого сексуално го привлекуваат мажи, маж кој полово општи со мажи, не е „навистина“ геј само затоа што нема некое конкретно внатрегрупово знаење или зашто не му е позната некоја конкретна работа од тривиите на геј-културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Години подоцна, летото, кога дедо ми летна за Австралија, Александар допатува од Германија, го паркира „поршето“ пред куќата на татко ми и од багажникот ги извади моите први фармерки.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)