ПОДЕЛБА (скаска со поднаслов: Подигра) - Се сретнале Е. А. По и Р. Полански. „Си ја подзалижал косата ко да одиш на подиум“, му рекол По на Полански. „А ти подзалажуваш во приказните ко подлец!“, рекол Полански. „Кога го подзасили тонот подзаличи на тип од подземје“, рекол По. „Па, колку што знам, тоа е и твое подрачје“, рекол Полански и дискретно подждригнал. „Што фураш, Полански, во филмовите?“, прашал По. „Подлогата ми е една мачка“, рекол Полански. „Еден тип“, подмачкува друг тип, го убива, го шиба во подлогата со мачката, става цемент и сѐ подзамачкува!“ „Личи на мене!“, рекол По. „А ти, што фураш?“, прашал Полански. „Нешто ко подмет ми е една подморница“ што полека, од разни подсвесни и подтекстуални причини, се подигнува кон Месечината.“ „Знаеш што, По?“, рекол Полански. „Согледувам: наше поднебје е ПОД!“ „Фино речено, Полански. Драго ми е што подискутиравме“, рекол По. Margina #19-20 [1995] | okno.mk 45
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Драго ми е што децата не се тука иако жената сигурно веќе има јавила дека татко им умира.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
- Александар драго ми е што те гледам! Бојана сега ми кажа дека заедно работите.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
- Драго ми е што се запознавме, госпоѓо Рада. Верувам дека нашите средби ќе продолжат и понатаму.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Драго ми е што јас ќе се спасам додека сите свои ги гледам веќе согорени, како гламни поцрнети од огнот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)