друго (прил.) - е (гл.)

Меѓутоа само во позитивна смисла. Во смисла на креативност. Сѐ друго е искомплексирана злонамерност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се согласувам дека мора да постои една „критична маса“ на луѓе кои ќе постават ниво. Систем на вредности.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
„Само така, со реч гласна и жива ќе Му го славиме името. Сѐ друго е лук и вода“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Марија, обиди се еднаш. Тоа е слатка болка, сѐ друго е горка суровост. Обиди се.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Барем сега чу и ќе знае! Друго е кога ќе имаш абер од една работа, а друго е кога не ќе знаеш ништо.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Друго е да е во борба, да си упатен некаде, на некого.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И јас веќе не знам што да им речам друго. Друго е да е станат снегот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Друго е машка рака. Тие кастрат, како праз да сечат, со лес.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)