„Зошто е потребно изживување, толку бесполезно трошење достоинство и енергија?“ - му поминува низ главата на Максимилијан Мертен, кој размислува правнички ефикасно, практично, онака како што е формиран во неговата нагорна кариера, која најнапред поради личното пријателство со Фирерот, го донесе од местото јавен обвинител на Берлин, по почетокот на војната, на позицијата на началник на одделот за економски прашања на војската, управник на окупираната зона на Солун и Егејот и така натаму, и така натаму, како што самозадоволно констатира секој ден погледнувајќи се во огледалото на излезот од својот луксузен стан.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Но, егзактно реконструира д-р Мертен, нашите власти во градот известуваат дека не постојат никакви нивни „различни врски”, дури ни учество во движењето на отпорот, не постои координација со италијанските сојузници по ова прашање, па сугерираа „ова непожелно малцинство” да се остави да биде десеткувано од гладот и студот...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)