забрзано (прил.) - ги (зам.)

Татко забрзано ги врвеше последните чекори.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Афирмирањето на молкот во период кога сѐ (и каменот, и птиците, и татковината, и огништето, и мајката, и стракчињата трева...) се подготвува токму за него, новите песни на Анте Поповски забрзано ги населува таму кај што досега не биле: во пределот на стравот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Таа, нервозно гледајќи низ ходникот, забрзано ги менуваше волнените со чорапи со подвезици (надвор беше кочан ладно), го подмести кожниот корсет вешто скриен под облеката, ја натна маската и конечно влезе.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Вистина, мајка ми е Влаинка, татко ми е Влав, значи и јас сум”, продолжи замајано, небаре забрзано ги составува и крпи сликите од сонот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Со сакото уште малку подвиткано на грбот, со искривената кравата, тој забрзано ги сложи растурените хартии на масата и ја изгаси ламбата.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сестра Мира забрзано ги приготвуваше инструментите.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Докторката Горица сѐ уште молчеше. Ме седна на стол и го гледаше удреното место.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
НЕДА: (Ја испраќа, потоа забрзано ги изнесува филџаните од кафето.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)