како (прил.) - ѕвонец (имн.)

Јаболки како котлиња, круши како ѕвонци.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Можете да викате, да се лутите, да беснеете, можете да крескате, да се буните, да се смеете, можете како гром да трескате, како ѕвонец да ѕуните и чудно да ви биде, и мачно да ви биде на душа - што никој не ве слуша!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Јас многу убаво пеев, гласот ми беше како ѕвонец и каде да работев, мојот глас се слушаше насекаде.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)