Термините што Кувер, инаку професор по креативно пишување на Браун универзитетот покрај Њујорк, каде што е оформен континуиран курс за копјутерската литература, ги користи, или се, воопштено речено, во оптек, покажуваат дека се соочуваме со нова книжевнотеориска терминологија: хипертекст (hypertext), хиперлитература (hyperfiction), хиперпростор (hy- perspace), хипермултимедијалност (hypermedia), приказни во простор okno.mk | Margina #1 [1994] 69 (storyspace), хиперпесна (hyperpoems), интерактивно пишување (interac- tive writings), електронски писатели (electronic writers), итн.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Организираното истражување, создавање и испитување на можностите и дометите на оваа своевидна деструкција на традиционалната линеарна литература во пракса е започнато на Браун универзитетот, а напоредно се прошири и на голем број универзитети во светот, во рамките на наставата за книжевност и креативно пишување.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
„Маргина“ ќе настојува да се занимава и со творечки форми кои овде (во Македонија) до сега немале никаков простор; на пример, во литературата, научната фантастика (низ преводи на врвни имиња: Бредбери, Гибсон, Силвербег, Балард...) или криминалистичкиот жанр (авторите како што се Хемет, Чендлер или Ле Каре денес се изучуваат во сите светски работилници за креативно пишување!)...
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)