Но не се уплаши од таа помисла, ниту пак некому се налути; само му се насмевна на стариот и му го стисна рамото со разбирање, а на старата кротко ѝ рече земајќи ја испразнетата тегла: - Во оваа тегла повеќе нема да ставаш слатко, ни од бели цреши ни од зелени смокви.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Бојан ја погали по влажната муцка. - Не плаши се, Кротка! Тука си најсигурна, - кротко ѝ шепна.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)