Родовата ориентација е ориентација кон културни практики, културни облици и кон нивните значења; таа не е едноставно ополовен и оброден субјективитет издвоен од некој културен контекст.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тие стандардни, стрејт-начини на доживување на светот подразбираат начини на чувствување, како и начини на реагирање на културните објекти и активности што се веќе кодирани за родот и за сексуалноста, начини на сопствено ориентирање во однос на сите констелации на меѓусебно поврзаните вредности што се одговорни за обојување на лицата, на однесувањата и на жанровите на дискурсот со густите општествени значења кои ги носат, значења што исто така се однесуваат – без разлика колку благо – на родот и на сексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-женственоста, значи, е културно обликување, а не само психосексуално.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Средишниот дел на книгава му се посвети на исцртувањето на логичните врски меѓу неколку меѓусебно поврзани вредности што ги создаваат тие констелации и на показот како тие внесуваат обродени и сексуални значења во голем број елементи од културното поле – како тие структурираат една поширока поетика на културата во смисла на родот и на сексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)