Дури кога ибн Тајко му се придружи на народот, разбра дека тука се гради црквата Свети Димитрија, сега наново: амамот на Даут-паша, што овој го изградил со лично свои пари, на нејзиното старо место, уривајќи ја, никако не успевал да ги привлече досега капачите, уште помалку пак, да го надмине Чифте-амамот како што отпрвин му била намера. А толку убав амам!
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)