мил (прил.) - лице (имн.)

Назад се врати со сликата на Димостена во себе, онаа од деновите пред да го затворат: мило лице развлечено во горчлива насмевка и падната коса која му го затскрива едното око, а во другото без никаква порака.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И не се вратил по измитарената шубара што од испотеното теме му ја симнала подадена гранка на стара леска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ајде уште еднаш... да се спуштиме. Се качуваме по скалилата на ридот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
О, каква игра има на тоа мило лице, каква игра!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но широкото и мило лице на Кети беше намуртено и одразуваше сожалување.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И така жените го посвоиле попот да ги извртува псалмите Давидови во нивна чест и да ги возвишува зашто го прогнале и не им дале на враговите негови да му се одмаздуваат, да пее со толку мило лице што и не барале да знаат на каков јазик пее.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)