мило (прил.) - мој (прид.)

А вака, мило мое — мило свое. Си појду на својшчина кај неа, ми отвори, ме прибраа, си помина како господ шо рекол.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ке му речеше и ќе побрзаше да му донесе чај...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мило мое - ти многу си настинал!“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не знам дали тоа ќе се случи денес или многу подоцна, тоа го знае само Севишниот, но кога и да се случи, мило мое, прочитај го ова што ти го оставам како единствено наследство што можеш да го имаш од мене и пристапи ми на судниот ден како дете кое за прв пат се соочува со животот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
05 март Мило мое, не можам, се распаѓам, ми фалиш, зошто ме остави, немам сила да живеам, знам дека морам за Гаврил и Матеј да живеам колку што ми е пишано, ама тешко ми оди, знаев дека си тешко болен, дека ќе дојде денот и дека морам да бидам храбра, ама ништо од храброста моја.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
„Што сакаш денес да појадуваш, мило мое?“ ѝ шепотеше на уво додека онака сонлива и топла ја притискаше на своите гради будејќи ја рано, пред да замине на работа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Прегратката е пријатен настан па и тогаш кога ќе ти ја понуди случајноста, мил мој, бесрамно тврдеше таа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но затоа пак љубомората скусува барем десет години од животот! не се срамеше да ми префрли или да ме посоветува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Човекот што бараше, ха, - ќе го сукнеше малку генералското мустаче стрикото Лентен, ќе намигнеше одвисоко, весело, па како којзнае колку да размислува гледа, гледа во детето и најпосле ќе рече: - Ами, ништо мило мое! Пустиниче некое, хе!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- На самиот пат човекот го пресретнала есента, мило мое! Страшната есен!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Косата бргу нараснува, ќе видиш, косата веднаш нараснува, мило мое, - и тогаш нежно, многу внимателно со своите ковчести раце ја зеде мојата глава во себе и најнежно, најмило ме бакна по чело.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Благица се втурна кон него, го гушна, се смееше и липаше: „Бате, мило мое! Ти си тука!
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)