И неговиот 'рбет кој, при силните удари на балканската судбина, многупати беше подвиткуван, сега беше исправен.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Многупати бевме пишувани во тефтери и нас не само што не имаа забележано со име и презиме и место на раѓање, туку и со број на дадени овци и кози, коњи, телиња, волови, крави, кокошки, покривачи, веленциња, чорапи, фанели, столови, лажици, ножеви и виљушки, денови поминати на копање ровови и градење бункери, носење камења и трупци на врв планина, пренесени ранети, одземени чеда големи и мали, загинати и ранети, живи и сакати.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Многупати бев повредена, а не се сомневав дека како резултат на тоа и јас повредував.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)