мошне (прил.) - познат (прид.)

ЌЕ ВЕ ПОТСЕТАМ, добри мои, на една мошне позната народна приказна во која се прикажува како мечката и човекот станале пријатели.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Брајант во својата мошне позната ’Митологија’ спомнува сличен извор на заблуда, кога вели дека ’иако не им веруваме на паганските басни, ние постојано забораваме и изведуваме заклучоци од нив како да станува збор за постојни вистини’.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во моментов, работите што ги гледате во киберпросторот се мошне познати мотиви едноставно трансформирани во оваа виртуелна околина...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Зар германските лингвисти, кои се мошне познати во светот, не можеле да предложат реформи во тој дух, туку требало да се чека на политичките потези на Вилхем II, да се започне со националистичкиот прогон по француските зборови во германскиот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)