наполно (прил.) - свесен (прид.)

Освен тоа, тој горд аскет е единствениот жив човек во градов кој размислува во систем, наполно свесен за своите претходници и наследници, и ја вложуваа сета своја интелектуална енергија да го образложи terminus medius меѓу метафизиката и животот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Нанчо и натаму не се откажал од заговорниците, иако бил наполно свесен дека откривањето на нивните планови значело смрт за него и пропаст за неговото семејство.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Милан Саздов бил од оние македонски младинци кој наполно свесен го ризикувал својот млад живот во корист на ослободителното дело.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Бил само еден луд миг во него и го повел по себе, сега беше наполно свесен дека тој ниеднаш нема да биде во состојба да стори нешто такво со овој свој малечок, нечекан гостин, дојден во неговата собичка и безденноста на темните ноќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Партизаните се наполно свесни за фактот дека федерализмот и династијата Караѓорѓевиќ се неспоиви".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според тоа, за него било сосема нормално дека ако Велика Британија има свој интерес на Балканот, тогаш и Русите го имаат истиот интерес, уште повеќе што тие, "на тие простори држат многу карти" во свои раце.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тие сметале дека "сè уште не постои целосен договор за тоа колку автономни држави ќе се формираат.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Идн, како искусен политичар, бил наполно свесен дека на Балканот е "неизбежно да има директен судир на интересите", а во "догледно време и конфликт" во однос на нивното разграничување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Черчил бил наполно свесен дека со фрлањето на Југославија "со сето срце во прегратките на Русија", британското влијание во оваа земја е целосно изгубено.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од тие причини, тој застанал на становиштето дека се излишни сите натамошни жртви во "игра" што Британија ја губи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)