И во своите највидовити претпоставки додека беше жив, Татко не можел да го замисли падот на Берлинскиот ѕид, распадот на СССР и комунизмот, а најмалку распадот на СФР Југославија со братоубиствените војни, создавањето на новите држави, посебно на новата Република Македонија, а најмалку дека неговиот син за кого најмногу страхуваше, оти некаде ќе се заплетка на големиот пат на животот, ќе стане амбасадор на СФР Југославија, која при завршувањето на неговата мисија ќе се распадне, а потоа и прв амбасадор на новата Република Македонија во Франција.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)