најмногу (прил.) - зависи (гл.)

Пред да се разделиме, синко, би сакал да ти речам дека кој пат ќе го фатиш најмногу зависи од самиот тебе, што ти е на срце, што ти е скриено длабоко во твојата душа: да останеш и да ги завршиш правните студии или да се вратиш кај твоето семејство на Балканот?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Институциите брзо се менувале, но табиетот на владетелот како пресуден си останал непроменет!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сам размисли, сам одлучи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако Татко, реферирајќи за овие зборови, му ги изложи основните податоци, за нивното присуство и попатни лексички и семантички метаморфози на балканските јазици, надоврзувајќи се со претходно третираните поими (ајде-јаваш, јаничар, зандана, кадија...), со кои беше во голема мера претставено владеењето на Османската Империја, рече: Отсекогаш владеењето најмногу зависело од табиетот на врвниот владетел, отколку од институциите под него.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Колку си способен да ги отфрлиш негативните фактори, најмногу зависи од материјалната способност за самоодржување.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)