најпрвин (прил.) - ги (зам.)

Сепак, интересен е обидот да се одговори на прашањето зошто во поново време експериментите со вештачки поттикнувачки средства најпрво ги започнуваат творците во уметноста.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Касабите и паланките, забележа Камилски, најчесто, речиси редовно, се поделени на маала.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски најпрвин ги извлече од речниците заемките за означување поголеми или помали градови како: касаба (со потекло од арапски, casaba), заемка присутна во сите балкански јазици); паланка (од унгарско потекло во турскиот).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во секој случај е идиотски да се објави смртта на уметноста, а притоа да се биде и во историска и во практична- животна смисла сведок на уметничката ревитализација, и од трендовско- стилски аспект, и од аспект на самите уметници кои своите дела најпрво ги акцептираат како уметнички надгробни споменици, а подоцна како капитални дела на „новата“ уметност - феникси на новиот живот на уметноста...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ние сметаме дека светот всушност е хаотичен и дека ние не откриваме никакви скриени поредоци туку најпрво ги проектираме во светот а потоа ги “ловиме” од тој свет заборавајќи при тоа дека тоа се наши проекции.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Се разбира, ги фатија. Најпрвин ги беа однеле во болница.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Било попусто, секогаш се спуштале од планините посрамени и со крвави стапалки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Султанот најпрвин ги прекорувал и им ги зел имотите, шадрваните, коњите и жените, потоа објавил, доколку не му ја донесат главата на ајдутот, ќе ги испообеси на железни куки или ќе ги испофрла во јами со исправени дренови колови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)