Ама подоцна, кога созреа, најпрвин во партизанските одреди на ЕЛАС, потоа во Егејската бригада, па служејќи во Југословенската народна армија, а потоа и во народната милиција, размислуваше, а размислувањето понекогаш беше рамно и на неизвршување на наредба...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Татко на турцизмите гурбет, сургун, гајрет, мошне често присутни во балканските јазици, реши, според кругот на блискоста на значењата, да ги предложи уште зборовите гајле и беља, како можна целина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Балканецот морал да истрајува, да им поставува брана на неочекуваните удари на историјата, најпрвин во длабината на својата душа, а потоа со другите, да го одржува колективниот, семејниот и личниот гајрет!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Конечно Татко, испратен од здржаните солзи на татко му и обилните солзи на мајка му во пролетта 1919 година заминува, според сите претпоставки, најпрвин во Солун, а потоа со брод кон Измир, каде што го пречекале наши роднини.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ги собирале два дена и ги чувале најпрвин во едно трло на Облаковечкиот Рид, а потоа, ноќе, ги довеле спроти долнечките гробишта.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Да објасниме најпрво во што е тешкотијата: математичките тврдења, а особено тврдењата од теоријата на броеви, се однесуваат на својствата на целите броеви.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Концертот од кој бегаше, најпрвин во безимените троми улици, потоа надвор од инструментот, од жената, од Градот. концертот што безброј пати безуспешно го повторуваше, очаен, немоќен, концертот што не сакаше а му се подаде, кој го знаеше напамет, а го свиреше отуѓено и прецизно како механички строј.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Таа најискрено сметала дека ќе морам најпрвин во себе да ги надраснам чувствата кон Катерина а потоа сè ќе било поинаку и полесно.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Лета јастреб на летното небо
под нечитливиот краснопис на зодијакот
најпрвин во кругови широки и нагли
како скришни помисли
потем сѐ поситно, опсесивно
запира на родното дно
наспроти сѐ друго што и натаму се врти
околу својата замислена оска.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)