некаде (прил.) - ме (зам.)

Затоа што таму некаде ме чекаат други нешта. Таму каде што припаѓам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ушите ми свират и слушам: некој од некаде ме вика, некој од некаде ми се оѕвива. Постојано зборувам со некого, а немам јасна вистина за ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме нема ли тука, некаде ме има Нели таква е вистината Некаде е исполнета празнината Некаде полна целината.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Една квечерина стоев сам среде наосот. Во еден миг почувствува како од некаде ме гледаат нечии очи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)