некаде (прил.) - под (предл.)

Првин дојдоа само десетина души, вели Николе Валавичарот и почнаа да бараат ракија, и ние им донесовме ракија и, заколете десет кокошки, велат, за секој по една, си ја редат, и ајде и кокошките им донесовме, им ги натокмивме на трпезите црквински и тие јадат, гнетат, а ние стоиме на страна и гледаме, и среде јадењето некаде под црквата квикна прасе, а, овие ќе колат и прасе, вели старшијата, прасето нека го за вечера, вели,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Одвај забележлив, некаде под тревата исплашено и испрекинато се одгласи цвркот на штурец.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Да се мине блиската граница означена некаде под водите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Вашите татковци сега, ако се селани, кога сакаат да одат в град, на пазар, ќе се качат на воз или на автобус, или пешки ќе тргнат, па ќе стигнат таму, за да свршат работа и да ви го купат она што сте им порачале па вам целиот тој ден не ви останува ништо друго освен нестрпливо да го чекате некаде под село и уште таму да видите дали сте го добиле она што ви било толку драго.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Коријата преку поточето, кое постоеше некаде под снегот, но не се гледаше, изгледаше сосем необично, како лошо варосан ѕид.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Црвеното синило го изми жолтото зеленило. Безбојно виножито остана зад небото, некаде под погледот.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)