некаде (прил.) - долу (прил.)

Тие беа некаде долу, во некакво подземно место - на дното на некој бунар, на пример, или во многу длабок гроб - но тоа беше место кое, веќе далеку под него, и самото се спушташе удолу.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стојан, кој го удираше постојано железото за пајдос, сега беше избеган некаде долу меѓу купиштата тули.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Налутен, го зафрли, стивна некое време и се јави уште еднаш кога падна некаде долу.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Дел од таа цветна разновидност успеа да пренесе и во својот двор кој ја враќаше во времето на нејзиното детство, таму некаде долу на Југ.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мислата на Рада се развлекуваше како ластик, од некаде долу на Југ, сѐ до спојот на Ушќе, местото каде што денес потона и излезе од вителот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Јас стојам некаде долу, ти го знаеш тоа. Твојата божем рамнодушност ми причинува повеќе болка.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
(Го фаќа Стево за рака. Пауза. Се гледаат. Пауза. Го фаќа Стево некаде долу под масата. Пауза. Стево е стаписан.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кога стигна на полпат, тој го слушна виорот на лифтот пред себе, а потоа и стравичниот тресок некаде долу.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тој стои целиот насмеан и покажува нешто некаде долу.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Од тука, од високиот покрив на шесткатницата, се гледаше далеку и пред погледот се откриваше еден голем дел од градот - купишта расфрлани покриви со ретки процепи од улиците под нив, со грдите опачини од куќните фасади и безредно нафрлани тераси и балкони и посивени ѕидови што свршуваат некаде долу, во дворовите исто така полни со неред.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Беше човекот така сам, небаре поблизу до небото и до тишината на голото сиво пространство.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Беше сам на покривот, еден човек меѓу патинираните обезбоени пирамиди од покриви, посипани со исушен хумус по керамидите, еден осамен човек застанат над куќата и над улицата од која, одоздола идеше мирис на лесно живнување по пладневната замрсеност на плочниците, усвитени од пекот на јулското сонце, кое сега се кршеше зад аглите од повисоките куќи на работ од градот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)