Лежевме на големиот кревет на кој некогаш спиеја моите родители, и гледавме една во друга.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Паулина беше скоро сосема слепа, и некој постојано требаше да биде покрај неа, па спиеше на креветот на кој некогаш спиеја нашите родители, а на местото до неа се менувавме Марие и јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Не ми даваше да заспијам помислата дека сите тие години не појдов да ја посетам Клара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Клара раскажуваше за синовите на својот брат, кажуваше како малите Густави, кои и натаму ги викаше „мали“ иако веќе беа возрасни мажи, ја посетувале во Гнездо, раскажуваше за нивните сопруги и деца: „Кога доаѓаат со своите деца, ми се чини дека цел свет доаѓа таму – некое тукушто прозборело, на некое му никнал заб, трето паднало и си го раскрварило коленото, четврто научило да лета змејови, па седиме цело попладне во паркот и гледаме кон небото,“ рече, и погледна низ прозорецот кон небото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ја оставив да спие на мојот кревет, јас отидов на креветот на кој некогаш спиеја татко ми и мајка ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)