некогаш (прил.) - ги (зам.)

Зошто да страхувам На Соња Зошто да страхувам, од што да се плашам И оние кои веќе ги нема некогаш ги гледаа овие исти ѕвезди и врвои, и исти молитви глаголеа, и исти песни пееја, и овој ист наш јазик го говореа и иста мисла како мојава ги опседнуваше: Зошто да страхувам, од што да се плашам?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ништо повеќе не се истава од патот на Песната, бидејќи таа, подготвувајќи се самата себеси за молк, не може никого да повреди повеќе отколку што се повредува себеси, ништејќи се и множејќи се со целосна свесност. (“Зошто да страхувам, / од што да се плашам // И оние кои веќе ги нема / некогаш ги гледаа овие исти ѕвезди и врвои, / и исти молитви глаголеа, / и исти песни пееја, / и овој ист наш јазик го говореа / и иста мисла како мојава / ги опседнуваше: // Зошто да страхувам, / од што да се плашам?“)
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Призна дека со години бил во личен контакт со Голдштајн и дека бил член на илегална организација во која членувале речиси сите луѓе што некогаш ги познавал.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Маестралното здание на Театарот контрастираше со архаичното дрвено мовче, познато како Еврејски мост, што некогаш ги поврзуваше најстарите еврејски доселеници на двата брега на реката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во просторот тежеше меморијата на отсутните.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Што не стори да ги натера своите спокојни соиграчи првин да играат со поголем влог, а не со симболичен, безвреден, резервиран за нас децата што не престанувавме да ги служиме со чај, кафе, и колачи кои некогаш ги месеше Мајка кога се играше кај нас покерот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Шетавме заедно на сите оние места што некогаш ги имав видено, но сега заедно јас и тој.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во повеќе случаи земјата може да ги претстави како “нацио­нални фигури” уметниците кои некогаш ги сметала за “несакани туѓинци” - луѓето кои ја искористиле својата досетливост дури и за да си обезбедат место за живеење.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Неколкуте стари куќи, збиени меѓу хангарите, не излегуваа на ниту една улица и тие заедно беа “регистрирани” како Металка по фабриката што некогаш ги користеше за привремено сместување на вработените кои доаѓаа од местата надвор од Метрополата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во двете соби, од кои едната продолжуваше во ниша изделена со ламперија, беа сместени неколку ниски тапацирани столчиња и една табуретка, меѓу нив дрвена масичка, креденец со три реда рафтови, шкаф за облека, трпезариска маса со неколку високи столици, како и два железни кревета кои некогаш ги користеле чуварите од фабриката „Металски завод“.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Коските на долапот растурени како стари гробишта лежат измешани со сенката на оној што некогаш ги створи ги нема бисерите ѕвездени во водите да тежат ни утрото по класјето и ридјето да гори.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Дали воскреснал од мртвите или некој некогаш ги видел неговите коски.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Од село Коњари, Прилепско...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Некогаш ги „гланцам“ и тогаш испаѓаат послаби од оние што се запишани без местење.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Одеднаш ми беше навистина убаво што не сум дел од сите оние луди сцени кои некогаш ги сакав, бидејќи ионака ништо значајно не се случуваше.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ми рече дека бара од мене да ги повлечам сите обвиненија против неа и да ѐ испллатам 20 000 долари за сите сценарија што некогаш ги напишала и да ја уфрлам во секој мој филм и - ја заврши листата со најголемиот сон што може да okno.mk | Margina #17-18 [1995] 231 го има еден лудак - да ја уфрлам во Шоуто на Џони Карсон.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А езерото исфрлаше разни дрвени форми што некогаш ги свлечкало од дрвјата крај брегот: коренчиња, ветки, чатали, и ги држело во себе, ги мазнело во песокта, ги вајало и повторно ги исфрлило на брегот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не се сеќавам дека некогаш ги удрил!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Милер идентификува три сродни настрани афекти кои геј-култот кон бродвејскиот мјузикл некогаш ги изразувал, дестилирал, чувал, а сега безмилосно ги изложува на виделина: (1) „самотноста, срамот, таинственоста со која немвозможноста на општествената интеграција најпрвин се интернализирала“; (2) „прекумерната сентименталност што била нужна состојба на сентиментите не дозволувала вистински објект“; и (3) „силната, безумна радост што, иако не е идентична со тие немаштии, не може ни да се ослободи од нив“ (26).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Според норма, надминувајќи ја неколку пати, некогаш ги преведуваше делата на диктаторот Енвер Хоџа, спасувајќи си го голиот живот, а сега како да сакаше да го надополни изгубеното, со преведување на вистинска, уметничка литература.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во ракописот, меѓу страниците, имаше најмногу пепел од цигарите кои некогаш ги пушел, заборавајќи од преголема внесеност и концентрација да ја истури во пепелникот крај него.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А армијата, останувајќи без политичките узди кои некогаш ги држеше Маршалот, веруваше и натаму во нејзината лажна величина, со неа лесно ќе манипулираат тотал- националистичките дезинтегративни сили.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги спакувавме оние малку нешта што ги имавме, јас ги ставив моите во куферчето во кое некогаш ги чував алиштенцата за детето кое не го родив, Клара ги стави своите работи во своето куферче, а потоа заминавме од Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Гнездо беше на половина пат помеѓу домот во кој Клара требаше да се врати, и домот во кој јас требаше да се вратам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Луѓето дури и од родните предели што некогаш ги сториле и среќни и несреќни, не се разделуваа без тага во душите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чудни се децата, дали воопшто некогаш ги забораваат казнувањата или крутите зборови на прекор и наредбите?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)