некогаш (прил.) - го (зам.)

Некогаш го јадам, ама и ако не го јадам, доволно е да биде покрај мене! –ми ги покажа малите лукчиња нелупени, едно до друго стуткани, во шамивчето.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Овој прелет на чавките преку реката беше дел од пејзажот, кој по­некогаш го толкувавме како довикување на несреќата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Науката го калкулира светот како што некогаш го составуваше.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Трагите од отоманско-европското модернизирање, што некогаш го донесоа пругата и градската оска, с уште беа присутни на Широк сокак, иако новите времиња си го наметнуваа својот белег.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Вилем Флусер: Верувам дека научниот поглед врз нештата ни го прави сѐ поочигледен фактот дека она што некогаш го нарекувавме законитости, всушност е сума на статистички збирови од случајности кои се засновани на општата тенденција кон сѐ побезоблично растурање.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Затоа, тој го преобликува живописот на Кватроченто сосем налик на тоа, како што италијанските мајстори некогаш го преобликуваа античкиот живопис и скулптура.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ниту животот ниту некој човек некогаш го понижил, никој досега не му го зарил носот во кал.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Многу од тие видеотеки во Сиднеј и во другите геј-урбани средишта досега веќе пропаднале: оној вид на општествено учење што некогаш го крепеле, сега го презеле интернетот и неговите страници за друштвени мрежи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А потоа го минавме она растојание кое на невиноста ѝ се чини неизмерливо - растојанието помеѓу размислувањето за сексуалниот чин и вистинското соединувањето на две тела.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога би ги видел тие нешта како низ матно стакло, можеби и би можел да се сети дека некогаш го живеел тој живот, но за него неговото минато е во потполн мрак, или пак во овој миг тој е во мракот, и светлината во која трепери неговото минато само го заслепува, место да му овозможи подобро да гледа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И сега гледав во оваа Амалија која немаше ништо заедничко со онаа Амалија, немоќта на оваа жена која умираше ме потсетуваше на мојата некогашна немоќ, а јас не сакав, или не можев, во себе да го разбудам ѕверството кое во себе некогаш го имаше таа и со кое ме тераше да тонам сѐ подлабоко и подлабоко, ѕверството со кое – ако го разбудев во себе - навистина ќе бев нејзина ќерка не само по крв, ѕверството кое требаше да ја натера да страда заради сопственото ѕверство, моето ѕверство кое требаше да ужива во нејзиното очајно каење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Христијанството е создадено од Евреите, и ширено од Евреите, но “само еден дел од еврејскиот народ го прифатил новото учење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Христијанството, тврдеше брат ми, е признание на тоа убиство – преку него, со убиството на Христос, човечкиот род признава дека некогаш го убил својот татко.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Меѓу ова постоење сега, и она пред тоа, како да се случила смрт која избришала сѐ што било претходно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Гледав во неа, и таа гледаше во мене; молчевме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Рајнер сакаше и тој и јас да студираме философија на Виенскиот универзитет, јас посакував со него да го остварам сонот кој некогаш го сонував со брат ми Зигмунд: да живееме заедно во Венеција.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега во нив штрчеа само прстените, а бакарните шипки што некогаш го притискаа килимот до скалилата, ги немаше.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Нагоре, со два меѓуката, одеа дабови скалила со некогаш лакирани скали.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Својот „трофеј“, без разлика што некогаш го поседувал некој друг, не го испушташе од рацете.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Или, можеби Бог и посочил кои билки за што служат, во луѓето оттогаш досега заборавиле па сега одново мораат да го учат она што некогаш го знаеле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Никој не можеше да каже дека некогаш го видел на некаква вечер.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако воопшто некогаш го оставам. И за тоа ќе размислам. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Мајка му, често, кога ќе немаше млеко, го носеше по млади доилки во селото да цица, а некогаш го ставаше и под коза да цица за да му јакнат бузите и непцата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој, навистина, му пишуваше на Али Фети, токму во времето кога тој беше министер за внатрешни работи, непосредно пред да биде испратен во заточеништво од англиските окупатори на островот Малта, но Татко не веруваше дека тој некогаш го примил неговото писмо пишувано со младешка жар и искреност.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ме поврзуваат со угодни и сериозни предмети; можеби ме прима некоја куќа по којашто копнеат, можеби парче дрво за штавење што некогаш го вкусиле.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
... Погледни ме веднаш сенко моја што така немо си седиш и залудно ме следиш Не заборавај сенко, си втора по судбина, после мене А мора, мора да си наследила барем нешто од она што јас вешто некогаш го правев а ветерот го однесе за навек Побарај ме сега види Во мојот дневник Дали јас некогаш те славев и оставив аманет да продолжиш по мојот пат Заборави засекогаш на моите патила Извини за она што некогаш те мамев Врати ми сега, ако не си ми вратила
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Не беше лесно да се трага по небото на Мајкиниот живот, по ѕвездите на нејзиното детство, по нивното тивко ноќно зрачење во ведрите години на животот, по миговите кога таа се ослободуваше од својата длабока внатрешна тишина и носталгично ни дошепнуваше по некоја нејзина, само нејзина тајна која не допираше до Татко или, кога ќе допреше, таа го немаше поранешното значење, значењето коешто некогаш го имала за Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ако некогаш го јаде јанза, јас ќе ја изедам јанзата.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Да пишуваме критика? Да бидеме креативни?) Некогаш го имавме уметникот на тронот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)