нестрплив (прил.) - чека (гл.)

Таа цело време го гледаше и го присилуваше да рече нешто, додека тој со мислите беше фатен некаде и нестрпливо чекаше што побргу да стаса дома, што побргу возовите да јурат, што помалку да седат по станиците.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во раката го држам ливчето со бројот што претходно го добив и нестрпливо чекам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Одеа молчаливи и загрижени еден крај друг и го влечеа на улар наследникот на коњ нестрпливо чекајќи да се разминат со камион, луѓе, или просто, детска количка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Зората нестрпливо чекаше да си одам за да ти пријде – немаше место за тројца.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Кога се создаде пријатна весела атмосфера, Кметот фрли поглед кон учителот, го задржа на него, потоа ја зеде чашата, им наздрави на полковниците, се чукна и започна разговорот да го врти на проблемот со селото; им рече дека луѓето живеат во немир, во неспокојство, дека нестрпливо чекаат да видат што ќе биде со селото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И нестрпливо чека пак да го чуе, со целосна начуленост, верувајќи дека ќе ги расебети изговорените зборови.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Знам дека по оваа книга ќе следат уште многу нови текстови, уште многу нови шарени и светкави, крцкави бонбони, кои уште од сега нестрпливо чекам да ги вкусам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мене скокотот уште повеќе ме јадеше и нестрпливо чекав фустанот да ти се лизне надолу и пак да ти ја видам прерамката, боја чоколадна.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Стевчо и Иван цело утро седат пред плевната и нестрпливо чекаат.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Поправо, чија е кравата што така нестрпливо чекаат да ги зарадува?
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)