никогаш (прил.) - дотогаш (прил.)

Бидејќи никогаш дотогаш се немав заинтересирано каде е влезот на зградата во која работев, иако луѓето кои честопати грешејќи ќе влезеа директно во мојата канцеларија, мислејќи дека тоа е вистинскиот влез, јас ги упатував странично, каде што и беше логично да биде влезот на зградата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Едвај чекав да ја видам како никогаш дотогаш.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сакав да ја видам барем уште еднаш радосна, насмеана, како што всушност беше секогаш.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Формирањето на СОЕ во летото 1940 година претставувало новост, бидејќи никогаш дотогаш не постоело едно тело кое било формирано и организирано со специфична задача да води акции и операции од таков тип на непријателска територија, на територија под непријателска окупација и во неутрални земји.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Чувстуваше неподнослив товар од страшна одговорност, каква што никогаш дотогаш не му се стоварила на плеќи, па се притегна да постигне барем таква присебност колку да биде исто толку мртов, а не само лажно ладен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мајка беше уште поизненадена кога, во пликот, виде пари како никогаш дотогаш. Пари, колку за три Таткови плати.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Фактот што тој самиот не пушеше сега му стана несекојдневен, како никогаш дотогаш да не бил свесен за тоа и дека тоа нешто го откри токму во овој момент.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Затоа, брезничани не обрнаа некое внимание ни кога Бидин Вејката, загледан во ридот Тумбица на другата страна од селото, рече: „Луѓе!... Сонував чудо невидено“, рече подвикнувајќи како никогаш дотогаш.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Од здодевност решив да станам и да излезам пред порта, нешто кое никогаш дотогаш не го имав сторено без туѓа помош.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Само неколку дена пред отворањето на изложбата во Палацо Граси, г-ѓа Дишан даде едно ексклузивно интервју за еден италијански новинар.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во неврзаниот разговор таа му раскажала на репортерот како умрел нејзиниот маж, што никогаш дотогаш не го направила.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во таа вечер на неговото заминување имаше нешто надреално – таа речиси среќна исповед на мајка му, додека очите ѝ блескаа како што никогаш дотогаш не беше видел.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Речиси физички го почувствува чадот што се дигаше од куќите, остана без воздух и се закашла исто како тогаш кога шлаканицата пукна по образот на девојчето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога застана на вратата, соочена со тој тажен остаток од мајка ѝ, очите одеднаш ѝ се наполнија со солзи од болка што никогаш дотогаш ја немаше почувствувано.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Му се слоши кога на телевизија гледаше како хеликоптерите ги надлетуваат селата во кои тој никогаш дотогаш не бил.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Како никогаш дотогаш, беше пусто и бездушно во целиот дом.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не беше смешно, туку, како никогаш дотогаш, кристално јасно.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
И кога требаше да го спуштат во гробницата, тој врисна во сонот со сета сила, како никогаш дотогаш во животот, и се разбуди од кошмарот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој беше во својата lucida intervala. Како никогаш дотогаш. На тоа сигурно го поттикна споменот на Тито.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И тука, во судницата, тогаш, во тој миг почувствував дека јас и Ема сме ние, и знаев дека и Ема почувствува дека таа и јас како и секогаш и тогаш, во судницата, бевме тоа – ние, кое никогаш дотогаш, додека бевме заедно, не го изговоривме така.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дора беше запозната со својата улога уште пред да тргнат и се прпелкаше во рацете на Авни кој полека ја симнуваше надолу, на подот, земајќи ѝ го лицето меѓу дланките, за да ја погледне во очите, за да знае дека таа е навистина таа, која, речиси, никогаш дотогаш не ја видел.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ние тројцата имавме потреба еден од друг како никогаш дотогаш во животот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Та таа никогаш дотогаш не мислеше за ова.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Започна, како никогаш дотогаш, да ја следи мојата работа во училиштето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Покрај тоа, 50-те години беа зенитот на т. н. „baby boom“ генерација, кој негуваше огромен интерес за детското како никогаш дотогаш.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Длабоката свесност и интерес за детската уметност стана дел од заедничката визуелна перцепција, која што уметниците, од 1950. година, широко ја прифатија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Татко во тие денови, очекувајќи ја посетата на Игора Лозински, како никогаш дотогаш се внесе во своите книги и ракописи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се чинеше дека Татко, како никогаш дотогаш се справуваше со распоредот на книгите во својата библиотека, барајќи излези од балканскиот лавиринт.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Столиците за нишање зашепотија на тревата меко како никогаш дотогаш.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Надвор врне снег, зима е како никогаш дотогаш, народот е исплашен од вестите за крајот на светот, а во топлата кафеана “Балкан” Филип Филиповски потонува, крај чаша црно вино, во длабоки размисли: мисли на своите книги и на страшниот сон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Влезе во библиотеката на Филозфскиот факултет столчен и избезумен: водата допираше до колена, стотици книги гниеја и се распаѓаа во матната течност, а надвор Вардар допрва надоаѓаше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На 17 октомври истата година, престана да свети сонцето за Филип Филиповски.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас никогаш дотогаш немав пробано слатко од цвеќе и право да речам, поим немав дека такво нешто постои.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
БАРОВО Веднаш потоа дојде сестрата на снаа ми и ме зеде да поседам кај нив, во село Барово, Тиквешко, никогаш дотогаш не бев таму.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Со полни очи солзи, ги гушкав мајка ми и татко ми како никогаш дотогаш.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Седнавме и му напишавме. На англиски, со помош на речник, а одвреме-навреме ја прашувавме и Роза за по некој збор.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А неговите очи! Големи и натажени како на срна!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Леле, колку ми беше жал за него! Толку тажни солзи, немав видено никогаш дотогаш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бидејќи јас имав друг начин на дружење со него, на писмо никогаш дотогаш не сум се сетила. Се согласив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)