овде (прил.) - има (гл.)

Црниот хумор не отсуствува. Овде имаме една немилосрдна и карикатурална радиографија на функционирањето на власта на еден кошмарен систем.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ти го праќам клучот, со кој треба да ја отвориш „вратата"26) Поздрав Твој Гоце.“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Размисли за ова и јави ми! Овде има некои кои мислат да почне „жетвата“ 25). Поздрав Твој брат, Пере Тошев“.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И овде имаше музика од плочи што ги пушташе една младолика црнокоса жена во Евина облека.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Инаку, што се однесува до забавата, овде има многу масовни манифестации од различен вид.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тогаш овде има вистински наплив на туристи“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
За Солун се вели дека е шумен град, но шумот овде има свои граници и се чувствува само во неговите центри и во главните сообраќајни артерии.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кафеани и кафеанчиња, крчми и крчмичиња, тезги и тезгичиња - овде имаат главен збор.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Најголемиот дел од Германиците по вероисповед се евангелисти, а помалку има римокатолици, па затоа овде има и многу евангелистички цркви.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А такви изроди и овде имаше.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А, лебами, ако сте кинисале без парички и овде има сиромашиа, токо баре слободно ќе го касниш тоа шо ќе го изработиш — ја утеши Неда и ја покани да седне на креветот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во мислите, тој пластеше аргументи дека во овој град сигурно ќе најде и клучни документи за својата Историја на Балканот низ падовите на империите, особено за Отоманската која овде имаше оставено многубројни сведоштва и загатки што остануваа неоткриени.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Јас пак ракија, овде имаат добра домашна ракија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Фер би било да се предупредат, дури и најблагонаклонетите читатели, дека овде има некои дозлабога здодевни, почетнички и деликвентни пасуси, а во исто време најмногу што можам да се надевам е дека, иако претенциозни, приглупи и необмислени, како што сега изгледаат (а и тогаш), овие приказни, со сиот свој невоедначен тек, сепак ќе бидат од корист како илустрација на типичните почетнички проблеми при пишувањето прозна фикција, и предупредување за некои пропусти што помладите писатели веројатно би сакале да ги одбегнат.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Овде има секакви, од кол и јаже собрани како на кокошка.“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Марија потрча кон влезот на зградата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- „Се надевам дека овде има телефон“ -рече Марија. - „Секако“ -ѝ рече жената. - „Таму ќе ви покажат“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Блед и со црвен нос како снешко белчо кој се разладува со лист извалкана, неиспишана хартија, зарипнато викна: „Еве, овде имам некои ескимски мапи!“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Дојдов да прашам дали овде има кутии!!
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Овде има некои рибини глави. Овде лом правеле морските мачки. Овде ги молзеле јарците на брановите.“
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
„Тоа е кафе на Внатрешната партија. Овде има цело кило“, рече таа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се чувствував заробен од себе и во себе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Овде има толку многу огледала, човек не може да избега од самиот себе,“ ѝ велев.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Љуба, овде има сосем малку шеќер. (На Мешаев) Денес, со оглед на настанот, овде кај нас сме малку растревожени.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Напротив, многу е добро, што овде има народ.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ЉУБА: Ама овдека има недоразбирање.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Овде имало некоа солунка, без маж. А' сега да те вида шо пријател си ми!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако се земе у обзир дека овде живее 0,5% од светското население и све тоа се подели и помножи, се добива податок дека овде има пеес пути поише вода по глави становника него било каде.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Дефинитивно вака стојат работите за еден човек што не е зимурлија: Не е тачно дека овде има само две годишни времиња: зима и јули.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Да не се жали многу човек, овде има све што ќе ти падне на памет, а богами и уште толку.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Не сакам ни да се замарам со другите спортови зашто на крај ќе искочи дека овде има поише спортисти од жители.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Веројатно, овдека имаме мошне силни навеви од Пруст, кон кого Луан Старова очитува висок респект.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Сојузничките армии, ѝ велел младиот хирург на својата убава Клементина, во Солун донесоа војници од своите колонии, од сите континенти, овде имаа претставници од дваесетина народи”.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Му беше јасно дека сталинизмот, во еуфоријата на победата над фашизмот, во првите години, не си ги беше покажал вистинските заби на Балканот, макар што овде имаше многу прилагодливи волци, готови да го овековечат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Овде не постои време. Не постои разум.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Тоа ме плаши. И ме држи во исто време.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Овде има сонце. Овде нема его.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Овде има ветер. Не смрди на застојани емоции.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Овде има столови, - вели Лидија. – Слези, Зоки Поки. - Нејќам, нејќам! Сакам да седам врз маса!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
На Зоки му се чини дека тој сфатил оти и овде има пријатели.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Најпосле, овде има закон и заптии...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Велиш, Цигани, вакви, онакви... Ама тие, ене, гледаш, чесно и цврсто го држат адетот...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ја отпетлуваше и кошулата на градите: еве и овде имам лузна од куршумите...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Џез коктели, вечер на сангрија – песни ќе се читаат кога клубот ќе затвори. (Во четири по полноќ овде има работа само за палеонтолози.) Џандарите пијат бесплатно или земаат процент од дилерот.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Значи и овде имаме конкурентна активност на повеќе шеми.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Поднаучи Мехмед паша многу за историјата на градов: сам бараше, читаше и вртеше стари ракописи што ги порачуваше дури од Цариград: беше и еден од малкуте Турци што не беа докрај опијанети од славата на полумесечината: и кој знаеше дека и пред нив овде имало не само живи, туку и славни.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Со еден збор, одеа за да му се пофалат на Унгарецот дека пред турсково и овде имало многу нешта за пофалба.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Пред рововите, на голината, онде- овде имаше по некоја грмушка или горница и многу тенки патеки што се преплетуваа по ридот како некоја пајажина.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не сум знаела дека овде имало и подземни возови...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— И јас овде имам дете, велам и солзите веќе ми се закреваат оздола, ми капат во филџанот, во кафето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)