Сега, откако активизмот за ХИВ/сидата, иако не и самата ХИВ/сида, некое време се потповлекува од првите редови на машкиот геј-живот, барем кај Белците во развиениот свет, сега кога политичките потреби на активизмот за ХИВ/сидата се менуваат, сега кога жалоста и гневот почнуваат да го губат монополот врз бесот на настраните афекти што може да се изразат отворено и сега кога квир-културата одново изнаоѓа континуитети помеѓу современото лезбејско и геј-постоење и претходните, претстоунволски облици на сексуално отпадништво, изгледа дека е сѐ повозможно да се испитуваат аспектите или димензиите на внатрешниот живот на хомосексуалноста кои не толку одамна изгледаа политички сомнителни, да не речам невкусни – и кои, во секој случај, не смееше да се истражуваат подробно.107
4 ПЛАКАРОТ НА ХОМОСЕКСУАЛНОСТА
Современата геј-култура почна да ја користи новопронајдената можност да го истражува внатрешниот живот на хомосексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)