однекаде (прил.) - некој (зам.)

И не се излага Иге. Толе ја прегази прв Црна баш на Скаклевите воденици каде што претполагаше и Ѓорче, и под самото Чаниште ги дочека четите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како да предосеќаше дека иде однекаде некоја помош.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Навистина, отворено не можеше да се откаже од Анѓа, бидејќи даде збор, а и мајка му така му рече, но белким ќе дојде однекаде некое спасение?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
• И остана Ѓорче со дружината — поп Пана и Игета —тука, а Тоше и Милан тргнаа да ја фатат со ноќ Маргара и да видат ќе има ли однекаде некој абер или паднаа вчера в раце — Ако никој друг, Толе сигурно им има побегнато на агите — го уверуваше Иге Ѓорчета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)